По новогодишните празници, тенеденција на зголемување на бројот на заразени

Your browser doesn’t support HTML5

Засега, нема најави за нови рестриктивни мерки во земјава, иако бројот на активни случаи изнесува 5.667

Омикрон варијантата се шири во Северна Македонија. Детектирани се нови случаи – 8 во Скопје и 1 во Кочани. Министерството за здравство информира дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје од 24 земени примероци од позитивни на ковид-19 кај 9 пациенти e детектирана oмикрон варијантата на вирусот, што, како што соопштуваат надлежните, изнесува 37,5% од позитивните примероци.

По завршувањето на новогодишните празници и прослави се забележува тенеденција на зголемување на бројот на заразени. Во изминатите 24 часа направени се вкупно 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19 во целата земја - најголемиот дел од нив – 766 се во Скопје. Истовремено, регистрирани се 12 починати лица: по 3 во Скопје и во Битола, 2 во Охрид и по еден починат во Велес, Прилеп, Валандово и Струга.

Засега, нема најави за нови рестриктивни мерки во земјава, иако бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, а на починати 7.996.