Сирија се соочува со бран насилства. Стотици луѓе беа убиени во масакри на сириското крајбрежје минатата недела и се смета дека биле со одмаздничка природа. На тоа се додаваат и заканите за хуманитарна криза во земјата. Известува Хедер Мурдок.
Украинскиот инженер и војник Андриј Черницки смислил проект за изградба на детско игралиште во неговиот роден град - но не го дочекал тоа. Игралиштето неодамна беше отворено. Известува Тетиана Кукурика.
Сирија е повод за ривалство меѓу Турција и Израел. Аналитичарите велат дека Израел станува вознемирен од зголеменото воено и дипломатско влијание на Турција во Сирија, додека Анкара го обвинува Израел дека сака да ги поткопа новите водачи на Сирија. Доријан Џонс известува од Истанбул.
Арапските држави усвоија египетски план за иднината на Газа и ја повикаа меѓународната заедница да го поддржи планот. Израел вели дека Хамас не смее да има никаква улога во иднината на Газа. Линда Градштајн известува за Гласот на Америка од Ерусалим.
Кина ги обвинува САД за нарушување на светската стабилност, а упатува закани кон Тајван. Официјален Пекинг најави дека ќе возврати на царините од администрацијата на Трамп, во обид да прикаже себеси како сила за глобална стабилност. Известува Вилијам Гало.
Царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико, предупредуваат аналитичари. Мексико е главен трговски партнер на САД. Во 2024 година, извезе производи и во вредност од речиси 506 милијарди долари. Известува Вероника Вилафање.
Жртвите на нападот на пристаништето се идентификувани како Сиријци
Вчитај повеќе