Подводна еко акција на „Акватек“ за чистење на Охридското Езеро

Your browser doesn’t support HTML5

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид заедно со Дедо Мраз направија подводна еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро, ја честитаа Новата 2024 година со порака за поголема еколошка свест и заштита на најстарото езеро во Европа. Автор: Мики Трајковски

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид заедно со Дедо Мраз со подводна еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро, ја честитаа Новата 2024 година со порака за поголемна еколошка свест и заштита на најстарото езеро во Европа.

„Со ова сакаме да упатиме порака до сите граѓани за подигнување на еколошката свест, бидејки заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“, велат од Акватек.

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, спроведе повеќе акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен отпад, кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.