Светот низ фотографии
Спасувачите ги евакуираат луѓето со помош на гумен чамец по поплавите во Џакарта, Индонезија.
Состојбата на терен по напад на руско беспилотно летало во Одеса, Украина.
Новинарите го гледаат преносот во живо додека пратениците на опозицијата фрлаат димни бомби парламентот, во Белград, Србија.
Демонстрант се судри со полицијата додека поддржувачите на поранешниот претседател на Перу Педро Кастиљо протестираат пред казнено-поправниот центар каде што тој се наоѓа, на денот на почетокот на неговото судење за обвиненијата за бунт и други престапи против државата, во Лима.
Човек се натпреварува за време на традиционалната трка со палачинки од страна на компании за производство на храна во Лондон, Велика Британија.
Хостеси ги полнат чашите со чај за лидерите пред отворањето на сесијата на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ во Големата сала на народот во Пекинг, Кина.
Традиционални восочни маски на карневалските прослави во Бинче, Белгија.
Настап за време на карневалот во Рио де Жанеиро, Бразил.