Опозицијата не отстапува од барањето за Владата да реферира пред Собранието за текот на евроинтеграциите и за тоа дали има и кој е планот за понатаму откако Брисел реши да ги одвои Северна Македонија и Албанија од пристапниот пакет. Повеќе детали од Владимир Миречски.
Брза железница, гасовод и взаемна поддршка во делот на ЕУ-пристапувањето – тоа беа главните теми на средбата меѓу врвот на македонската и спрската влада денеска во Скопје. Повеќе детали од Владимир Мирчески.
Власта засега нема јасен одговор на барањето на опозицијата за свикување затворена собраниска седница на која ќе се разгледува прашањето на евроинтеграциите и што има намера да преземе мнозинството за деблокирање на процесот.
„100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, така опозицискиот „Европски фронт“ составен од албански партии предводен од ДУИ ги нарече првите 100 дена на владата на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и „Знам“. Повеќе детали од Владимир Миречски.
Првите 100 дена од неговата влада биле задоволувачки за премиерот. Вели дека во овие нешто повеќе од три месеци министрите ги исполниле задачите без да навлезе во детали за тоа што тие сработеле.
Албанија продолжува, Северна Македонија ќе чека. Се реализира сценариото за кое подолг период се предупредуваше - дека двете земји се раздвојуваат во пристапниот процес кон ЕУ кој досега заедно го одеа. Така вчера решиле амбасадорите на земјите-членки на Унијата. Владимир Мирчески ги има деталите.
Измените на законот за бранители – тест за владејачкото мнозинство или „театар за јавноста“? ВМРО-ДПМНЕ поддржува законски измени, вели Мицкоски. А, за предупредувањата од Снопче дека коалицијата на Албанци ќе ја напушти владата ако поминат измените, Мицкоски рече: „Нека му е со среќа“.
Албанија жали што Северна Македонија не ги завршила уставните измени - неочекувано директна беше претседателката на албанскиот Парламент за време на посетата земјава.
Христијан Мицкоски беше првиот од лидерите на „западнобалканската шесторка“ кој се поздрави со новостарата шефица на Европската комисија која денеска во Брисел го собра политичкиот врв на регионот. Какви се рекциите од Брисел? Владимир Мирчески со детали.
Дипломатското искричење на релација Скопје - Софија не се смирува. Бугарското министерство за надворешни работи денеска се обидува да ја дообјасни целата ситуација која дополнително се влоши откако вчера амбасадорот Жељазко Радунов, одби да ја прими протестната нота во Северна Македонија.
Вчитај повеќе