Правда за Фатмата, 23 годишната мигрантка од Сиера Леоне бара невладината организација од Италија „Second tree“. Во април годинава, како дел од група мигранти, кои од Грција сакале илегално да поминат низ македонска територија таа беше застрелана од полициски службеник кај Гевгелија.
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на маргините на Преспа форумот, во Струга, за Гласот на Америка зборуваше и за ефектот на „неодлучноста“ на ЕУ за прием на нови членки
Мислам дека е многу грдо да видиме сцени слични на оние од 1990-те години. Сè што ние сакаме и сè што треба да правиме како политички раководства е да понудиме некоја нова визија, вели премиерот Абазовиќ во интервју за Гласот на Америка
Никогаш појасни не биле пораките од европските партнери дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан може да се случи до 2030 година, рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на премиерскиот панел во рамките на Преспа форумот за дијалог, кој се одржува во Струга.
Официјална Москва и по седум месеци, не ја трга забраната за извоз на македонското јаболко на нивниот пазар. Двеста илјади тони изгледа дека ќе останат дома. Дополнителен проблем велат земјоделците е и немањето на алтернтивни пазари за пласман на нивните производи. Автор: Мики Трајковски
Тешко е во овој момент да се каже дали е можна влада со учество на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неа, но е добро, што почна да се разговара и што постои подготвеност и кај двете партии да се обединат во име на државните интереси, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.
Македонските граѓани рушат рекорди. Испиле повеќе од еден милион и седумстотини иљади антибиотици во 2022 година. Реалната бројка на испиени антибиотици на годишно ниво е околу 2,5 до 3 милиони, вклучувајки ги и оние кои граѓаните ги плаќаат на приватно. Автор: Мики Трајковски
Во црквата Света Софија во Охрид со свечена литургија која ја предводеа поглаварот на МПЦ-ОА , г-дин, г-дин Стефан и на Српската православна црква патријархот г-дин Порфириј, се одбележа првата годишнина од доделувањето на томосот за автокефалност на МПЦ . Автор: Мики Трајковски
Купишта смет секојдневно се одлагаат на разни локации низ државата од страна на несовесни поединци. Поради ваквата алармантна состојба, пет ученици од eлектро машинскиот училишен центар во Охрид, дошле до идеја да изработат интернет апликација за лоцирање на проблемот. Автор: Мики Трајковски
Вчитај повеќе