На повеќе избирачки места регистрирани проблеми со системот за отпечатоци уште на самиот старт.Сите 3.480 гласачки места се отворени навреме,1,8 милиони граѓани бираат градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје.
Утре официјално стартува гласачкиот процес. Се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје. На 3.480 гласачки места 1,8 милиони граѓани ќе бираат меѓу 299 кандидати за градоначалници и 576 листи со над 10 илјади кандидати за советници. За прв пат ќе се користат читачи на отпечатоци
Во јануари не би требало да има големи ценовни шокови, смируваат надлежните. Кризата во електроенергетскиот сектор ги покажа сите слабости на системот во државата. Регулаторната комисија го испитува работењето на осум приватни фирми како свои корисници имаат неколку стотини државни институции
Децении асимилација кулминираа со фашистичка окупација. Востанието почна во најмачниот час од историјата. Сите партизански одреди носеа имиња на илинденците - непобитен доказ на континуитетот на борбата за слобода и самостојност
Највисок доход минатата година – 453 милиони денари остварила скопјанка. Највисоката пензија е 5,8 милиони денари и е од странство, највисоката добивка од лото или обложување е 40 милиони денари покажуваат годишните даночни пријави на УЈП
Дефибрилаторот бил приклучен на продолжен кабел чија кутија се запалила и го предизвикала пожарот. Воздухот бил заситен со кислород што придонело огнот брзо да се прошири низ модуларната болница. Заштитни прегради кои би го забавиле ширењето на огнот немало
Шест месеци од ревакцинирање е единствениот услов за да се прими трета доза која ќе биде од производителот „Фајзер“. Скринингот во училиштата ќе опфати 8.200 ученици. Бројките на новозаболени стагнираат но стгапката на смртност е исклучително висока
Попишани се 1.832.696 лица во државата и 204.805 во дијаспората. Колку граѓани не се попишани нема прецизна бројка. Тие ќе влезат во регистарот преку вкрстување со бази од други државни институции. Неколку стотини граѓани одбиле да се попишат
Шеесет и девет граѓани вчера ја примиле третата „бустер“ доза од прозиводителот „Фајзер“на вакциналните пунктови низ државата Репородукцискиот број Р нула, конечено падна под еден и е 0.92. Бројката на новозаболени минатата недела е намалена за 36 отсто покажува неделната анализа на ИЈЗ
Право на глас имаат 1,8 милиони граѓани. Во градоначалничката трка ќе учествуваат 301 кандидат од кои само 26 се жени. Потврдени се 567 листи за советници. Првиот круг е закажан на 17 октомври а вториот круг ќе се одржи на 31 октомври, во општините каде што ќе нема победник по првиот круг гласање
Здравствени работници, граѓани над 60 години и тешко болни се првите кои веќе од наредната недела ќе може да ја добијат „бустер“ дозата на „Фајзер“. Наредниот месец почнува и скриниг во училиштата за точно да се утврди трансмисијата меѓу учениците и кадарот
Увидите завршија а сега се вештачат собраните материјални докази како и обемната документација за модуларната болница. Истраги водат и Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал кое се фокусира на тендерската документација.
Опозицијата бара оставки од премиерот и мнистерот Филипче. Прво одговори од истрагата потоа евентуални оставки за Филипче и Хасани, рече премиерот. Засега нема одоговори зошто се случи трагедијата во Тетово. Тим на германски форензичари треба да пристигне деновиве
Истрагата потврди, ковид протоколите се прекршени - во пожарот настрадаа двајца цивили кои биле во модуларната болница иако тоа е најстрого забрането. Ангажиран е вештак за електричната инсталација, земени се снимките од безбедносните камери а лекарите кои биле во болницата се повикани на распит
Дваесет часа по трагедијата која однесе 14 животи нема ниту еден конкретен одговор, како избувна пожарот, зошто и кој е одговорен. Филипче најави одговорност и оставки од него и подредените во зависност од резултатите на истрагата. Модуларните болници се безбедни вели министерот
Државниот врв со пораки во своите обраќања на централната прослава на триесетгодишнината од независноста. Од граѓаните и политичарите побараа почит, мир, вредна работа, чесност, посветеност и истрајност без кои државата нема да напредува
Македонската држава полни 30 години. Денеска се слави Денот на независноста – 8 септември. Пред три декади години беше спроведен успшениот референдум на кој граѓаните со оргомно мнозинство одлучија Македонија да биде самостојна и суверена држава.
27 отсто помалку новозаболени се регистрирани во последните недела дена. Повторно најмногу на удар се повозрасните граѓани. Досега, со една доза се вакцинирани 747.225 граѓани а целосно со две дози се вакцинирани 579.358 граѓани
Од денеска за македонските и за странските државјани потребен е серитфикат за вакцинација со примени две дози, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или негативен брз тест не постар од 48 часа. Задолжитено тестирање на премините нема да има
Факторот на преносливост падна под 1 и здравствените власти очекуваат бројките да стагинараат и наредната недела да се намалат. Повторно најмногу заболени и починати се граѓани на возраст од над 60 години. Во болниците се хоспитализирани над 1.100 пациенти
Вчитај повеќе