Сите граѓани кои сакаат да се вратат имаат рок до утре до 18 часот да се пријават во МНР за да се организира нивниот лет. Тие ќе бидат испратени во задолжителен карантин во државен објект по враќањето назад
Состојбата на пациентката приклучена на респиратор е критична. Скопје има најногу заболени од вирусот. Над 3.500 лица се во самоизолација и карантин а 47 несовесни граѓани се фатени на улица наместо дома. Армијата ќе и помага на полицијата во патролите на граница и контролите на лицата во изолација
Први случаи во Штип и Гостивар. Во моментов се тестираат 35 граѓани а резултатите се оечкуваат вечерва. Вкупната бројка на заболени е 48 лица. Во Дебар се испраќа дополнителен медицински кадар.Околу 2.500 граѓани се во самоизолација.МВР со кривични пријави против триесет лица кои го напуштиле домот
Тие се дел од групата од триесетина граѓани кои беа избрани за скрининг и тестирани утрово и на чии резултати се чекаше. Вкупната бројка на заразени во Македонија е 42 лица
Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Пред истекот Владата треба да достави извештај за ефектите и евентуално барање за продолжување за уште 30 дена. Изборите ќе се одложат а партиите да не собираат политички поени и гласови. Побара граѓаните да не патуваат во странство и да ги почитуваат препораките
Во моментот се тестираат уште 30 лица. Надлежните подготвуваат план за скрининг на населението во неколку региони. Досега се направени 400 теста, државата има резерва од околу 1.500 а веќе е договорена набавка и донација на дополнителна залиха
Според процедурата барањето ќе биде испратено до собраниекиот спикер Талат Џафери, но бидејќи Парламентот е распуштен, повеќе од извесно е дека попладнево вонредната состокјба ќе ја прогласи претседателот Стево Пендаровски
Кај четири здравствени работници од Дебар тестовите биле позитивни како и кај сопругата на скопјанецот кој утрово беше ставен во изолација на Инфективната клиника. Се тестираат патници на скопскиот аеродром кој тукушто слета од Брисел
Група од 200 македонски државјани кои треба да пристигнат од кризните региони ќе бидат спроведени во касараната „Пепелиште“ на Криволак. Пикот на заразата во државата се очекува за еден месец. Одложување на изборите е договорот по лидерската средба кај претседателот Пендаровски
Кај две лица кои се тестирале на приватна клиника резултатите се позитивни и тие повторно ќе бидат тестирани. Уште 31 лице е во карантин. Се затвараат граничните премини и аеродромот во Скопје. Кризна состојба не е воведена. Утре на лидерска средба ќе се одлучува за одложување на изборите
Скопјанката,првиот регистриран случај на носител на коронавирус, утрово е пуштена на домашно лекување. Здравствената состојба на останатите пациенти е стабилна. Попладнево заседава Советот за безбедност а вечер Владата. Лидерите на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ бараат опдложување на изборите
Носители на листите ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата и Радмила Шеќеринска во петата изборна единица. Коалиција го има носителот во шестата изборна единица и вториот носител во четвртата.
Станува збор за роднини на сопружниците од Дебар кои се во изолација на Инфетктивната клиника во Скопје. Бројката на заразени се искачи на седум Во домашен карантин се над 250 лица
Вкупно 193 лица кои биле во контакт со заразената докторка ќе ги минат наредните 14 дена во домашна изолација бидејќи не ги почитувала препораките откако се вратила од едно од жариштата на коронавирусот во Италија каде била на скијање. Министерот Филипче потврди - таа ќе биде разрешена
Тимови епидемиолози ги анкетираат вработените во клиниката, пацинетите, пријателите и семејството а потоа ќе одлучат дали и кому ќе му одредат домашен карантин. Се разгледува и можноста за затварање на одделот. Министерот Филипче е разочаран од нејзината непрофесионалност и непочитување на препораки
Станува збр за сопружници од Дебар кои минатиот месец влегле во државата со автобус. Сите патници се лоцирани и веќе се работи на нивно тестирање. Првичните резултаи ќе бидат соопштени утре
Нема забрана за оджрување на јавни собири и спортски манифестации бидејќи нема локално ширење на коронавирусот. Царината и туристичките агенции ќе доставуваат списоци со патници кои влегле во државата. Нема нови случаи на коронавирус ниту пак на инфективната клиника биле тестрирани нови лица
Владата препорача да се откажат сите поголеми јавни собири, културни манифестации и спортски натпревари. Организаторите ги откажаа карневалите во Струмица и Прилеп. Сите досегашни тестови за присуство на коронавирус се негативни а две лица, бугарски државјани се ставени во домашна изолација
Надлежните ги идентификуваа сите лица кои биле во контакт со сопатниците на заразената скопјанка. Тие веќе се тестирани од епидемиолози и ќе бидат ставени во 14 денвна домашна изолација. Две лица кои ноќеска се пријавиле во Клиниката за инфектологија се негативни на вирусот
Станува збор за девет лица од Скопје и Струмица кои според протоколот ќе бидат во домашна изолација наредните 14 дена. Тимови епидемиолози се упатени кон нивните домови и ќе ја набљудуваат нивната состојба. Тестови во моментот нема да се прават бидејќи моѓат да бидат лажно негативни
Вчитај повеќе