Вето кога е потребно, често обраќање пред пратениците, штитење на интересите на државата, одговорен Усатвен суд и владеење на право се само дел од ветувањата на претседателскиот кандидат на опозицијата Гордана Силјановска - Давкова кои денеска ги упати од бината на централниот митинг во Скопје
Јавноста ќе биде исклучена од средбите на преговарачките тимови.Двете страни потврдија- клучните разлики не се надминати. Законот мора да се усвои до почетокот на мај бидејќи е еден од клучните сегменти во извештајот на Европската Комисија од кој зависи препораката за старт на преговорите со ЕУ
Опозицијата обвинува за политички монтиран процес и драконски казни, владејачката СДСМ со став дека опозицијата штити насилство. Незадоволен и лидерот на Алијанса, Зијадин Села, од казната за полицаецот кој му го спаси животот. Сите шестнаесетмина кои добија затворски казни се спроведени во притвор
Собранието ќе мора повторно да ги гласа сите закони кои не минаа кај претседателот. Ќе бидат објавени само со потпис од Џафери, како во случајот со законот за јазици и Преспанскиот договор. Неколку закони се од т.н. „рефомски пакет“ и се неопходни за позитивен извештај од Европската Комисија
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби три години и два месеци затворска казна. Четворица членови на тогашниот состав на ДИК исто така се осудени на затворски казни. Судот му одреди притвор на Мијалков до правосилност на пресудата
Мнозиство во Парламентот за усвојување на законот нема. Законот е клучен за интеграциите во ЕУ и НАТО порачаа странските дипломати. На лидерска средба ќе се пеглаат разликите. Со законските измени, бомбите се исклучуваат како докази што ќе влијае врз многу истраги на актуелни високи функционери
„Дома сум“ напиша американскиот дипломат и поранешен амбасадор Филип Рикер во моментот кога пристигна во официјална тридневна посета на нашата држава. Ова е прва посета на регионот пред да стапи на новата функција помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија на местото на Вес Мичел
Сериозни пропусти во безбедносните протоколи поради кои се случил првиот напад и не бил спречен вториот, открила внатрешната истрага. Покренати се дисциплинки постапки против 11 службеници во затворот
Пет дена по инцидентот во затворот во кој беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски сеуште нема детали што точно се случувало, кој и како од затворските службеници потфрлил и кој е виновен
Никола Груевски,Никола Бошковски,Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се сомничат како организатори на насилствата во Собранието. Судот ќе побара одземање на имунитетот Вељаноски. Петмината беа посочени во исказите на дел од обвинетите во судскиот процес за насилствата од 27 април
Опцијата за консензуален претседателски кандидат повторно на маса. СДСМ ќе преговара со коалциските партии и партнерите во Влада за да се најде евентуално заедничко решение за кандидат за претстојните избори
Консезуален кандидат на владејачкото мнозинство нема да има. Секоја партија ќе оди со свој кандидат. Засега официјални кандидатури има само кај опозициската ВМРО - ДПМНЕ. За прв пат се јавува можност функцијата претседател да ја извршува жена
Јавното обвинителство ќе ги превземе предметите за кои СЈО ќе се прогласи за ненадлежен. Од Обвинителството сметаат дека Врховниот суд излегол надвор од законските овластувања со препораката дека СЈО не е овластено да отвора нови истраги и да покренува обвиненија по истекот на рокот од 18 месец
СЈО и Финансиската полиција биле известени дека тој ги испразнил банкарските сметки но не превзеле ништо.Потврдено е дека не ја напуштил Македонија преку граничен премин. МВР сеуште анализира снимки од безбедносни камери
Еден од осомничените доби куќен притвор поради влошено здравје а пратеникот Љупчо Димовски се повика на неговиот имунитет. Тие се товарат дека склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште кои не бил плаќани и не биле раскинати. Буџетот е оштетен за околу еден и пол милион евра
Спаѓа во групата за набљудување во наредните неколку години, заедно со Босна и Херцеговина, Турција, Грузија, Украина и Ерменија, се вели во извештајот на „Транспаренси интернешанал“
Вчитај повеќе