Судиите во Апелација имаат три опции - да ја потврдат пресудата на Кривичниот суд со која Груевски е осуден на две години затвор а првообвинетиот Поповски на шест и пол години, да ја преиначат или пак да ја укинат и да го вратат предметот на повторно судење во Кривичниот суд
Во официјална посета на Скопје неделава доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и канцеларите на Германија и Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. Експертите едногласни, посетите се поддршка за референдумот и курсот на Владата
„Ме клоцаа по нозе и стомак, меѓу нив имаше и постар господин кој силно ме удри. Тој не е меѓу обвинетите. Еден од толпата ме праша дали сум трудна а јас свесно излажав за да се спасам“, рече Ременски.
Мисијата на ОБСЕ го објави својот извештај за работата на СЈО во кој има забелешки за Обвинителството, судовите но и законската рамка. Јанева пак соопшти дека во истрагите биле откриени нерегуларности и неправилности во работата на судот кои ќе бидат дополнително презентирани во јавноста
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на официјалната посета на Брисел, се сретна со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, која уште еднаш ја повтори поддршката за влез на Македонија во Алијансата но и очекувањата дека ќе се искористи „широко отворената врата“
Повеќето од адвокатите фокусот во одбраната го поставија на наводен недостаток на докази и паушални тврдења во обвинителниот акт
Планиран е распит на 36 сведоци, но нарачателот на упадот и насилствата се` уште непознат
Премиерот Заев и Претседателот Иванов со дијаметрално спротивни поенти во говорите во кои акцентот беше на референдумот и договорот со Грција. Заев ги повика граѓаните да гласаат за иднината на Македонија, а претседателот Иванов порача дека државата не е приватна сопственост
Високиот претставник на Стејт Департментот, изјави дека побарал од опозицијата да постапува стратешки и уште еднаш да разгледа што претсавува и што нуди договорот со Грција
Референдумот ќе се одржи на 30 септември и ќе има консултативен карактер. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата пред гласањето и обвини за самоволие
Парламентот има уште една задача, да го распише референдумот. Се очекува седницата на која ќе се официјализира датумот да се одржи до крајот на неделава. Премиерот Заев најави дека 30 септември е можниот термин и побара од опозицијата да го соопшти својот став
Спикерот Талат Џафери не ја закажа седницата на која требаше да се избере новиот состав на ДИК и да се изгласаат Законот за Влада и Законот за финансирање на партиите. По неколку часа преговори меѓу пратеничките групи не било постигнато усогласување околу договорот на лидерската средба
Владата и опозицијата остануваат на своите ставови. За некои прашања има напредок во преговорите но по некои точки нема никакво поместување. Техничка влада по пржински модел е еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на ДИК
Консултативен наместо обврзувачки референдум е насоката во која се движела дискусијата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ си замина од средбата барајќи нова на која ќе бидат присутни само претставниците на четирите најголеми партии од македонскиот и албанскиот политички блок
Опозицијата жестоко реагираше на законските измени на Владата која овој чекор го образложи со неопходност од деблокирање на процесот. За утре е закажана лидерска средба, на која, доколку не се постигне договор ќе почне собраниската процедура и во најкус временски рок ќе се избере нов состав на ДИК
Владеачката СДСМ го достави во Собранието Законот за финансирање политички партии кој е еден од клучните услови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се откочи процесот околу изборот на нови членови на комисијата. Опозицијата останува и на барањето за формирање на техничка Влада
Вчитај повеќе